Неколку полицајци се повредени денеска во нов бран насилства на улиците на британските градови, четврти ден од немирите поради убиството на три девојчиња во северозападна Англија на почетокот на неделава.
Немири во кои учествуваа стотици луѓе кои протестираа против имигрантите избија во неколку градови во последните денови, откако на социјалните мрежи се проширија лажни информации дека осомничениот за масакрот е радикален муслимански имигрант.
Game of musical chairs underway in Blackpool.#protest #Stoke #Manchester #Liverpool #Belfast #Hull #Riots
pic.twitter.com/fZTi0tAS5L— chewbertie (@chewbertie69) August 3, 2024
Полицијата соопшти дека Аксел Рудакубана (17), осомничениот за прободувањето со нож во понеделникот на детскиот час по танц во Саутпорт, е роден во главниот град на Велс, Кардиф, но антиимигрантските и антимуслиманските протести продолжија и се претворија во насилство и немири.
Полицијата на Ливерпул денеска соопшти дека неколку полицајци се повредени додека се обидувале да го смират „сериозното нарушување“ во центарот на градот.
Liverpool riots pic.twitter.com/fg2yyWgIBs
— Goodgurlgonemad (@WithBirdTattoo) August 3, 2024
Властите во источниот англиски град Хал соопштија дека четири лица биле уапсени, а тројца полицајци биле повредени во протестите кои вклучиле и фрлање шишиња.
Млади мажи со покриени лица фрлаа цигли кон комбиња и полицајци. Полицајците се стрчале кон групата, но се повлекле кога кон нив долетале уште цигли.
„На островот Ман, тули летаа врз група полицајци од сите страни“, објави ПА.
Шарлот Лиминг, дописник на Sky News од северна Англија, рече: „Изгледа дека полицијата е опколена додека демонстрантите трчаат низ споредните улици. Децата фрлаат цигли овде“.
Премиерот ја осуди екстремната десница за насилство
Издадени се совети за зголемување на безбедноста во џамиите низ целата земја, додека полицијата распореди дополнителни сили.
Новиот британски премиер Кир Стармер, избран на почетокот на јули, е пред својот прв голем тест. Тој ја осуди екстремната десница за насилство и ја поддржа полицијата да преземе строги мерки. Во саботата, тој разговараше за нередот со министрите, соопшти неговиот кабинет.
Стармер во саботата рече дека нема оправдување за насилството.
„Ова не беше протест. Ова беше непростливо насилство“
Тепачки и насилство избувнаа и во Лидс и Манчестер, како и во Ливерпул, каде демонстрантите фрлаа јајца, лименки со пиво и димни бомби. Во Белфаст, некои бизниси пријавија материјална штета. Неколку луѓе беа уапсени во Лондон, вклучително и за давање нацистички поздрав на контра-демонстрант.
Четворица полицајци повредени во немирите во петокот вечерта се пренесени во болница, а 12 лица се уапсени, изјави за новинарите во саботата главниот надзорник на Сандерленд, Марк Хол.
„Ова не беше протест. Ова беше непростливо насилство и неред“, рече Хол.
Четворица мажи беа уапсени во градот Стоук-он-Трент по немирите. Полицијата ги демантираше тврдењата на социјалните мрежи дека едно лице е избодено со нож. Се започна од објавата на Х во која авторот тврди дека Азијци избоделе едно лице.
Викендов се планирани најмалку 30 протести низ Велика Британија, јавува Би-Би-Си, со голем број контрапротести на антирасистички групи.