ВИДЕО Протекува зградата од 42 милиони евра, тече вода над документите стари и по неколку века

by fokus

Во дождот што заврна вчера повторно под закана од уништување се најдоа документите на Државниот архив, сместен на шестиот, седмиот и осмиот кат од зградата на Археолошкиот музеј. Иако изградена пред само четири години, зградата која ја чинеше државата речиси 42 милиони евра, не му овозможува соодветен покрив над глава на Државниот архив.

При секој дожд покривот протекува, а поради лошата изведба на атмосферската канализација, цевките се запушуваат и водата се враќа назад во просториите на Архивот. Викендов архивистите со метли и џогери во раката го чистеа поплавеното депо, за водата да не стигне до документите стари и по неколку века. Од видеата се гледа дека како водопад тече вода од плафоните и се слева во кофите поставени на неколку места низ депото.

Vaka denes , posle dozdot, izgleda vo depoto na Arhivot😥😥😥 Zalosno se e pod voda!!!

Publiée par Frosina Gjurcevska sur Dimanche 4 février 2018

До изградбата на Археолошкиот музеј, Државниот архив се наоѓаше во зграда помеѓу комплексот судови и МРТ, наменски изградена за неговите потреби во 60-тите години. Овој објект ги содржел сите услови за соодветно извршување на архивските задачи, како дневна светлина, природна вентилација, суво депо и лесен пристап до него.

Во време на Владата на Груевски, архивот без никаква причина се преселува во новиот барокен објект, кој не е на ниво на стандардите потребни за чување на историска граѓа. Архивистите бараат да се вратат во старата зграда, затоа што новата претставува потенцијална опасност за историската документација од национално значење.

М.Васева

Поврзани новости