Доналд Трамп е снимен како го нарекува Бајден – „Скршен“ и „куп измет“.
Поранешниот американски претседател рече дека верува оти актуелниот претседател наскоро ќе ја напушти претседателската трка.
На видеото до кое дојде „Дејли бист“ се гледа како Доналд Трамп седи во количка за голф држејќи пари, а покрај него неговиот син Барон разговара со некого за актуелната кампања, пишува Гардијан.
Трамп ги праша луѓето зад камерите што мислат, како се покажал на дебатата минатата недела. Тој предвиде што наскоро ќе направи Бајден.
„Тој всушност даде отказ, знаете – тој ја напушта трката“, рече Трамп.
„Го исфрлив од трката а тоа значи дека ја имаме Камала. Мислам дека таа ќе биде подобра. Таа е толку лоша. Таа е толку патетична. Таа е толку лоша“, продолжи Трамп.
BREAKING: Leaked video shows Donald Trump saying he thinks Kamala Harris will be the Democrat nominee, says she is "so f**king bad."
"She's so bad. She's so pathetic. She's just so f**king bad."
"How did I do with the debate the other night? I kicked that old, broken down pile… pic.twitter.com/8OKxd1hHc6
— Collin Rugg (@CollinRugg) July 4, 2024
Тој додаде за Бајден: „Можете ли да замислите тој човек да има работа со Путин или со претседателот на Кина, кој е опасен човек. Многу силен човек. Наскоро ќе објават дека најверојатно оди во пензија“, процени Трамп.
Белата куќа и повеќето демократи веруваат дека Бајден ќе остане кандидат на партијата, иако анкетите покажуваат дека тој заостанува за шест поени од Трамп и дека потпретседателката Камала Харис би можела да биде посилен демократски кандидат во ноември. Кампањата на Бајден негираше дека тој се повлекува.
Тимот на Трамп не го коментираше директно видеото, но во средата предвиде „целосен колапс“ на Демократската партија по лошиот настап на дебатата на Бајден и зголемените повици за негова оставка.
Кампањата Бајден-Харис одговори на видеото во изјава:
„Американскиот народ веќе виде колку ниско може да падне Доналд Трамп, но ова за негое ново дно“, проценуваат тие.
Клипот беше обелоденет неколку часа откако тимот на Трамп ги објави своите први реклами против Харис, која е најверојатниот кандидат да го замени Бајден доколку реши да се откаже од трката.