Денеска е пронајдено оружје покрај земјен пат во село Блаце, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, во атар на с. Блаце, поточно во близина на регионалниот пат кон Косово, при што во канал покрај земјен пат пронајдени се два рачни ракетни фрлачи М57, седум рачни бомби, пет запалки за рачни бомби, пушкомитралез од кинеско производство, пушкомитралез со пригушивач за пламен 7,62 мм од руско производство, автоматска пушка АК 7,62 мм, три празни рамки за автоматска пушка и три вреќи со вкупно 2141 куршум калибар 7,62 мм.
На местото на настанот, од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје-извршен е увид и пронајдените предмети се подигнати, по што истите со Наредба од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ќе бидат предадени на Одделот за криминалистичко технички иситувања и вештачења при МВР заради изготвување на вештачење.
Секторот за внатрешни работи Скопје презема мерки и активности за целосно расветлување на кривичноправниот настан, по што во консултација со надлежното Основно јавно обвинителство Скопје ќе следуваат соодветни поднесоци.