957
Пронајден е 35-годишниот Исмаил Муратов од село Дурфулија, кој исчезна во петокот вечерта.
Тој бил пронајден попладнето во безсознание кај реката Брегалница, во атарот на селото Бекирлија, информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
„Истовремено додека низ државата беснеат многубројни пожари се одвиваше напната спасувачка потрага и мисија, покрај реката Брегалница, југозападно од овчеполскиот врв Богословец, во атарот на селото на Атиџе од Медена Земја, с. Бекирлија, најпрво во животнозагрозувачка состојба беше пронајдено а потоа и спасено 35 годишно исчезнато лице од с. Дурфулија, општина Лозово кое на носилки беше пренесено преку реката Брегалница а потоа качено во хеликоптер и пренесено до Државната болница во Скопје“ изјави Ангелов.