Во судирите во Судан загинаа најмалку 56 луѓе, а 596 се повредени, соопшти Централниот комитет на суданските лекари. Во борбите околу претседателската палата, државната телевизија и воената команда во Картум загинаа 25 луѓе, од кои 17 цивили.
И суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (РСФ) тврдат дека ги контролираат меѓународниот аеродром и други клучни места во Картум. Борбите утрово се проширија и во Омдурман, град во близина на Картум, како и во Порт Судан, град на брегот на Црвено Море.
Судирите избија по повеќенеделните тензии поради предлогот за повторно воспоставување на цивилна власт во Судан, откако по воениот удар во 2021 година со Судан раководи Суверен совет составен од армиски генерали. РСФ е под команда на потпретседателот на Советот, генерал Мохамед Хамдан Дагал, познат како Хемедти, а армијата ја предводи генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој е претседател на Суверениот совет.
Според предложената транзиција кон цивилна влада, РСФ ќе биде интегрирана во суданската армија. РСФ бараше транзицијата да биде одложена за 10 години, но според армијата, повторното воведување на цивилна власт треба да се случи за две години.
РСФ се составени од припадници на полицијата Џанџавид, обвинети за злосторства за време на долгата и смртоносна војна што започна во 2003 година во Дарфур, западен Судан. Исто така, е обвинета дека била вклучена во задушувањето на бунтот против диктаторот Омар ал Башир кон крајот на 2018 година, што кулминираше со неговото соборување од власт во април 2019 година.
🚨💥✈️🇸🇩 Varios aviones resultaron dañados, incluido un #Saudia #A330 en el Aeropuerto de #Khartoum, mientras las Fuerzas de Apoyo Rápido paramilitares de #Sudán toman el control del aeropuerto.#ULTIMAHORA #AirRescue #RescateAereo #AirCrash #AccidenteAereo #planecrash pic.twitter.com/B2kFkFFBhQ
— Rescate y Accidentes Aereos (@aeroaccidentes) April 16, 2023