674
Во новата година со стариот ГТЦ“ е мотото на новата кампања за зачувување на ликот на објектот, откако министерството за транспорт и врски повторно ја активира идејата трговскиот центар да добие барокно руво.
Активистите од оваа иницијатива планираат целиот декември да му го посветат на овој објект и да организираат серија настани со кои ќе се мотивираат граѓаните да застанат во негова одбрана, а на 28 декември планиран е масовен протест, како оној што се одржа пред година ипол.