На социјалните мрежи се појави видео од милитант на Хамас како ја снима сопствената смрт за време на ненадеен напад врз јужен Израел минатата сабота. Имено, на видеото се гледа како некој пука од заседа кон група членови на Хамас кои минувале низ населбата. Притоа тој удрил и припадник на Хамас кој го снимал нападот.
Хамас масакрира израелски цивили на 7 октомври кога упадна на младински музички фестивал и го изврши најголемото крвопролевање во израелската историја. Досега, повеќе од 1.400 луѓе загинаа во Израел, вклучувајќи 286 војници. Од друга страна, повеќе од 2.600 луѓе загинаа во израелските напади врз Појасот Газа.
Повеќе од 1.000 луѓе се под урнатините во Газа, објави палестинската цивилна одбрана. Во соопштението, цивилната одбрана рече дека тимовите извлекле многу преживеани од урнатините во рок од 24 часа откако зградите беа погодени од израелско бомбардирање.