Документарен филм за наследникот на британскиот трон, насловен „Принцот Вилијам: Можеме ли да ставиме крај на бездомништвото“ наскоро ќе биде прикажан во Британија.
И додека многу фанови на кралското семејство со нетрпение очекуваат нови детали за кралската расправија, тие најдоа токму еден во овој документарец.
Имено, во изминатите неколку дена беа објавени низа клипови од споменатата продукција, а во еден од нив Вилијам го споменува својот брат Хари, за првпат по шест години.
Вилијам се присети на моментот кога неговата покојна мајка принцезата Дијана првпат го однела во добротворната организација за бездомници „The Passage“.
„Мајка ми ме однесе до Пасаж. Всушност, таа нѐ одведе мене и Хари таму. Мислам дека тогаш имав 11 или можеби 10 години. Никогаш порано не сум бил на такво место, па бев малку загрижен. Не знам во што се впуштив, ниту што ме чека таму“, рече Вилијам и продолжи:
„Мајка ми го правеше тоа што го правеше и нормално, се смешкаше и се шегуваше со сите. Се сеќавам дека помислив: „Па, ако сите немаат дом, сите ќе бидат навистина тажни“. Но, беше неверојатно колку беше среќно, се сеќавам на добри разговори, играње шах и потоа ми падна на памет дека има и други луѓе кои немаат ист живот како мене“.
Интересно е што отуѓените браќа неодамна присуствуваа на погребот на зетот на нивната мајка, лордот Роберт Фелоус. Сепак, тие не си прозбореа ниту збор, а Хари не го виде семејството за време на целата негова посета на Велика Британија.
Според некои британски медиуми, принцовите Хари и Вилијам не разговарале две години.