(ВИДЕО) При претрес во Скопје пронајден е еден килограм марихуана

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје, со судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј. (24) од Скопје.

Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага.

Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ј..

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани новости