Пејачката Ла Зара, која ја претставуваше Франција на Евровизија, шокираше со реакцијата откако го виде бројот на гласовите од публиката.
Иако многумина финалисти на Евровизија се заблагодаруваа, лажно или искрено, кога добија мал број поени од публиката, француската претставничка не го стори тоа.
Водителите прочитаа дека таа освоила само 50 поени од гледачите, па таа покажа среден прст кон камерата.
Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи:
🇫🇷 #Evidemment, que j'ai honte que ce soit elle qui ait représenté la #France à l'#Eurovision2023. 😒#LaZaraFuck #Eurovision #LaZara pic.twitter.com/ljJOM0TLCd
— SRacailles (@SRacailles) May 14, 2023
Синоќа заврши 67. Евросонг, а Шведска застапувана од пејачката Лорин по вторпат победи на најпрестижниот музички настан во Европа.
Лорин победи главно со гласовите на жирито, додека публиката ја фаворизираше второпласираната Финска.