371
Со години наназад илјадници граѓани протестираат на улиците против криминалите на оваа власт. ВМРО ДПМНЕ се лаже ако мисли дека тие граѓани ќе го дадат својот глас за носителите на криминалот во Македонија, изјави денеска Павле Богоевски, граѓански активист и кандидат за пратеник од листата на СДСМ.
– Откако преку улица им ги уништивме аболициите коишто им ги одобри Ѓорѓе Иванов тие сега мислат дека ќе можат да се спасат од притвор преку пратеничкиот имунитет. На 11 декември граѓаните на Македонија цврсто и одлучно ќе му кажат на Никола Груевски и на останатите носители на криминалот во Македонија дека во оваа држава повеќе нема место за криминал во власт – истакна Богоевски.