(Видео)Прекинато дербито во кошарка во Грција поради инцидент

by Fokus

Кошаркарите на Олимпијакос водат со 2-1 во серијата против Панатинаикос во финалето на грчкиот шампионат. Четвртиот натпревар се игра во ОАКА арената и кон крајот на третата четвртина Олимпијакос води со 63:35, па натпреварот беше прекинат на 2 минути и 46 секунди до крајот на третата четвртина.

Навивачите на Панатинаикос незадоволни од резултатот, играта, веројатно и од судиите, па прво со ласери им светеа на сите во црвено-белиот дрес, а потоа почнаа да фрлаат предмети на теренот.

Поради овој хаос, судиите го прекинаа натпреварот и ги испратија играчите во соблекувалната.

Поврзани новости