589
На четири дена пред Франција да гласа за нејзиниот следен претседател, двајцата кандидати Еманел Макрон и Марин Ле Пен се соочија во нова ТВ дебата.
Судирот кој траеше речиси три часа се вжешти, а Макрон и Ле Пен на најмногу се расправаа за трошоците за живот, за Европа, климатските промени и имиграцијата.
Кога дојде темата за војната во Украина, Макрон ја нападна Ле пен обвинувајќи ја дека таа буквално зависи од моќта на Русија и Путин, најмногу поради тоа што често зема кредити од руската банка.
Ле Пен ги одби обвинувањата, велејќи дека отсекогаш била патриот и слободна жена.
Инаку, таа заостанува зад Макрон во анкетите, но милиони гласачи се уште се неопределени.