705
Студентите споделија видео од очајната состојба во која се наоѓа објектот на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Зградата не го издржа денешниот дожд и според видеото плафонот пропуштил, поради што морале да бидат поставени кофи онаму каде течела вода. „Капка по капка“ и „факултетска мизерија“, коментираат студентите.