449
Пожарот во Расадник во Кисела Вода се прошири и во моментов на терен делуваат повеќе противпожарни екипи. Во гаснењето на пожарот учествуваат и граѓаните, кои помагаат на секаков начин – со кофи и црева.
Пожарот зафати поголема површина, гори шума – грмушки, сува трева и дрвја. Во непосредна близина на пожарот се наоѓаат повеќе објекти: згради, куќи, бензиска пумпа, маркети итн. Густ и црн чад се гледа оддалеку. Пожарната не можеше да помине на улиците поради паркирани возила, па „Пајак“ мораше да ги отстрами.
Вознемирени граѓани бараат помош.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов ги смирува граѓаните да не се грижат, бидејќи како што рече, е уверен дека екипите ќе успеат огнот да го стават под контрола.