903
Жителите на селото Раовиќ, на 20 километри од Скопје, синоќа ја минаа ноќта стравувајќи за своите животи и за судбината на своите имоти. Пожарот веќе неколку денови гори во блиската шума и опасно се доближува до нивното село. Жителите се жалат – помош, барем засега нема.
Вчера таму била една пожарникарска екипа и припадници на воената полиција. Синоќа околу 20 жители на селото се организираа да се обидат да ја следат огнената стихија и самите да бараат чаре доколку дојде до најлошото. Пожарот стигна и до локалниот пат, пишува Дојче веле.