На повеќе локации низ Кичевско вчера беа регистрирани повеќе пожари, но најкритично беше во селото Белица, кое од неколку страни беше опколено со пламен. До доцна во ноќта пожарникарни служби и доброволци од селото се бореа со огнени јазици и околу два саатот по полноќ успеале да го локализираат пожарот.
Momentalno pozarot se dvizi iznad patot kaj velidol gori prema Meskoec. Snimkata e napravena od krastata. Nemam informaci deka ima sluzbi za gasnenje
Publiée par BELICA – БЕЛИЦА sur Dimanche 14 octobre 2018
Справувањето со пожарот било отежнато поради сувата тревја, лисјата кои паѓаат од стеблата и ветрот, ова го потмогнало ширењето на шумските пожари.
Во Белица гореше ситно стеблеста шума и други растенија, а огнената стихија се закануваше дека ќе ја зафати и дабовата шума. Жителите стравуваа дека пожарот ќе се спушти во селото при што би предизвикал голема катастрофа.
На Фејсбук страната “BELICA – БЕЛИЦА”, вчера во текот на целиот ден се објавуваа видеа за состојбата на пожарите, а според она што се вели во нив, надлежните долго време ги немало на теренот. Мештаните молеа за помош преку социјалните мрежи велејќи дека не можат со голи раце да се справат со огнената стихија.
Publiée par BELICA – БЕЛИЦА sur Dimanche 14 octobre 2018