374
Пожар избувна денеска во главниот полициски оддел во зградата на руското Mинистерството за внатрешни работи, пишува агенцијата „ТАСС“ .
„Пожарот избувна на третиот кат од зградата на главниот полициски оддел на улица Петровка бр. 38, зграда 5“, изјави за Руската агенција извор од службата за итни случаи.
The main building of the Ministry of Internal Affairs is on fire in #Moscow
According to preliminary reports, construction materials caught fire. pic.twitter.com/LgbBqlhYBa
— NEXTA (@nexta_tv) March 7, 2023
Според информациите, во моментот во зградата има густ чад, а првичните извештаи укажуваат дека пожарот ги зафатил градежните материјали складирани во канцеларијата на третиот кат.