(Видео) Пожар во зграда во Москва, заробени стотина луѓе

by Fokus

Стотина луѓе останаа заробени во зграда која се запали во источна Москва, а пожарот се прошири на 100 квадратни метри. По интервенција на противпожарните екипи, спасени се 80 лица, уште 120 се евакуирани, а три лица се пренесени во болница поради вдишување чад.

На пожарот, како што јави РИА Новости, му е доделен втор степен на сложеност од пет, изјавија за РИА Новости од службите за итни случаи.

„Вработените во руското Министерство за вонредни состојби гаснат пожар во Москва. Поставени се специјални скали за спасување на луѓето од горните катови“, соопшти Министерството за вонредни ситуации на својот канал на „Телеграм“.

Пожарот избувнал во петкатната управна зграда лоцирана на улица „Електрозаводска“ бр.21.

Поврзани новости