(ВИДЕО) Пожар на плоштадите, трактори на улиците: Протестот на земјоделците го блокираше Брисел

by Fokus

Трактори на плоштадите, пожари околу спомениците и блокиран сообраќај во центарот на градот – ова се сликите кои од утрово пристигнуваат од Брисел каде втор ден по ред се одржува голем протест на земјоделците.

Агенциите јавуваат дека  дека пред зградата на парламентот се запалени големи пожари, дека пепел лета на сите страни, а во тој дел од градот се е блокирано.

Според The ​​Times од Брисел, земјоделците на повеќе од 1.000 трактори се собрале во знак на протест, што предизвикало прекин на сообраќајот околу плоштадот Луксембург.

Најголем дел од земјоделците се млади Белгијци од југот на земјата, но има и земјоделци од странство, вклучително и Италија.

Во околните улици има масовно полициско присуство.

Во четвртокот наутро, околу 09:00 часот, полицијата констатирала дека се се одвива без проблеми и дека досега немало никакви инциденти.

Но, на самиот плоштад Луксембург, кој се наоѓа пред Европскиот парламент, гореа два големи пожари и беа испразнети колички со измет.

Има информации и за земјоделци кои фрлаат јајца кон главната зграда на парламентот.

Земјоделците почнаа да ги блокираат автопатите во неделата и продолжија да го попречуваат сообраќајот на клучните белгиски патишта во понеделник, вторник и среда.

Протести беа одржани и во пристаништето Антверпен, што резултираше со блокирани премини, спречувајќи ги бродовите да продолжат.

 

Поврзани новости