Пожари во моментов беснеат на повеќе места во Грција, а според грчките медиуми еден избувнал и на Халкидики во Полигирос.
Како што пренесуваат медиумите, на помош на пожарникарите им пристигнале и хеликоптери кои интензивно се вклучиле во гаснењето на пожарот. Според информациите што ги пренесе Grtimes.gr, на Халкидики гори земјоделско земјиште, но засега не е загрозена ниту една станбена површина.
Противпожарната единица составена од 22 пожарникари со девет водени возила и хеликоптер кои помагаат од воздух е лоцирана и работи на местото на настанот.
Исто така, голем пожар избувна во близина на Патра на Пелопонез.
За гаснење на пожарот кај Патра, поточно во Платанитис, мобилизирана е голема противпожарна единица, а пламените јазици горат во близина на населбата. Има вкупно 75 пожарникари со 25 возила, додека 9 авиони и еден хеликоптер испуштаат вода од воздухот.
Како што пишува Прототема, пожарот избувнал и на островот Евија. Некои жители побараа евакуација.
Φωτιά τώρα στη Χαλκιδική-Σηκώθηκε ελικόπτερο – https://t.co/eiOPQNSsIs https://t.co/xVzZDO8WGp #Φωτιά #Χαλκιδική #Πολύγυρος #Πυροσβεστική_Υπηρεσία
— GR TIMES (@grtimes_) June 25, 2024
Пожар на островот Кифисос предизвика сериозни доцнења и проблеми во сообраќајот, а во Неа Артакија е вклучен аларм поради нов пожар.
Во Маркопулос огнената стихија е под контрола и засега е локализирана.
На Крит избувна пожар во шумска област во Картерос, на падината над црквата Агиос Јоанис.