347
Повторно изби пожар во трговски центар во Русија, овој пат во источниот дел од Москва. Загина вработен во трговскиот центар, а тројца пожарникари се повредени. Речиси 600 луѓе биле евакуирани и спасени од пламените јазици.
Трговскиот центар „Персеј“ е објект на четири ката и претежно со продавници за деца и игротеки. Пожарот избувнал во просторија за складирање на најгорниот кат.
Претходно во сибирскиот град Кемерово изби пожар во трговски центар, при што 64 лица загинаа, меѓу кои 41 дете.