1
Жена-возач прегази студентка на улицата Јуриј Гагарин во Нов Белград, откако со своето возило влета во насобраната толпа граѓани.
Според она што може да се види на видео снимката, полицијата во цивилна облека која беше заедно со учесниците на протестот во Нов Белград ја запре М.С.(25) која се обиде да побегне и потоа ја уапси.
Incident u ulici Jurija Gagarina!
Devojka teže povređena! pic.twitter.com/4dvmFZclsA— Bora (@BoraKonj) January 24, 2025
Таа со возило „цитроен“ удри во обезбедувачите на почетокот на колоната, а потоа продолжи понатаму и удри уште неколкумина од нив.
Денеска во Србија има генерален штрајк кој студентите во блокадата го најавија претходните денови.