(Видео) Повеќе удавени во поплавите од невремето во Шпанија

by Fokus

Најмалку четири лица загинаа во силното невреме што ја погоди Шпанија изминатиот викенд, соопштија локалните власти. Во Толедо, провинција јужно од Мадрид, денеска се пронајдени тела на двајца мажи, соопшти владата на регионот Кастилја-Ла Манча.

Едната од жртвите починала во возилото, а другата е пронајдена мртва во лифтот на гаражата.

Двајца мажи, на возраст од 31 и 34 години, починаа викендов во североисточна Шпанија, откако се удавија во поројна вода додека се качуваа. Во исто време продолжува потрагата по маж кој во неделата навечер патувал во Мадридскиот регион со сопругата и двете деца. Нивното возило беше однесено од водите на реката Алберче, која се излеа од нејзините корита. Сопругата, ќерката и синот успеале да се спасат.

Поврзани новости