414
Foto: Tanjug/ Russian Ministry for Emergency Situations photo via AP
Бројката на починати во пожар што избувна во трговски центар во индустрискиот град Кемерово во Сибир се искачи на 53, меѓу нив голем број на деца, 40 се водат како повредени, а околу шеесет како исчезнати, објави ТАСС.
Според првичните сознанија пожарот најверојатно избувнал во една од киносалите на четвртиот кат. На истиот кат имало и игротеки за деца. Во огнената стихија изгореле илјада квадратни метри од објектот, а двесте лица биле евакуирани. По избувнувањето на пожарот спасувачките екипи успеале да извлечат околу 120 луѓе, соопшти регионалното Министерство за вонредни состојби.
https://www.youtube.com/watch?v=G0xNUjvEbOs