Палестинската Црвена полумесечина (PRCS) објави дека примила повеќе од 4.700 камиони хуманитарна помош од Египет во последните два месеци.
„Претставниците на PRCS добија 4.760 камиони со кои беше доставена хуманитарна помош до луѓето од енклавата од Египет во периодот од 21 октомври до 22 декември“, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.
Palestinians trying to get some humanitarian aid moments after aid trucks cross into Gaza from Egypt.
Swiftly, Hamas terrorists show up at the scene, start shooting and steal all the humanitarian aid. pic.twitter.com/uuMo0EYyfO
— Visegrád 24 (@visegrad24) December 24, 2023
Се додава дека хуманитарната помош главно вклучувала храна, лекови и вода за пиење.
Околу 3.000 возила беа испратени директно во PRCS, додека нешто повеќе од 1.700 беа испратени до Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (UNRWA).
Од PRCS посочуваат дека целата помош била проследена до локалните агенции, кои ја дистрибуирале до граѓаните.