386
Повеќе од 30.000 граѓани на Грција денеска излегоа на закажаните протести, кои ги организираа неколку грчки здруженија на Македонците под мотото „Македонија значи Грција“.
Овој протест се спрема веќе неколку денови, а низ цела Грција се делат летоци и се повикуваат граѓаните да дојдат.
Во центарот на Солун од вчера веќе се залепени плакати како најава за собирот, на кои пишува „Македонија значи Грција“. Според организаторите, јавува дописникот на МИА од Атина, демонстрантите доаѓале со организиран превоз, со 500 автобуси од доцна синоќа, од цела Грција.