(Видео) Повеќе од 30 луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико

by Fokus

Повеќе од 30 луѓе загинаа во несреќа во која учествуваше автобус во јужниот дел на Мексико, објавија денеска локалните медиуми.

Според извештаите, автобусот сообраќал меѓу Канкун и Табаско, објави Ројтерс.

„Внимателно ја следиме работата на федералните и државните власти и подготвени сме да помогнеме со што и да побараат“, рече Овидио Пералта, градоначалник на Комалкалко, град во Табаско.

Локалните власти изразија сочувство до семејствата на жртвите.

Поврзани новости