117
Повеќе од 15 часа без струја се повеќе делови на Скопје, по вчерашното невреме кое го зафати главниот град.
Од ЕВН велат дека нивни екипи работат на терен цела ноќ за надминување на проблемот.
„Во тек е постапка за пуштање под напон на корисниците кои се засегнати од прекинот, а снабдувањето се очекува да се нормализира за околу еден час.
ЕВН Македонија изразува голема благодарност до МЕПСО и ЕЛНОС Скопје за несебичниот ангажман и дадената поддршка во вакви кризни и итни состојби. Благодарност и до корисниците за покажаното разбирање и трпение“ велат од компанијата.