Шведскиот голгетер Исак ја затресе мрежата на Косовецот Аријанит Муриќи веќе во 26. секунда од мечот меѓу Њукасл и Ипсвич.
— OvoOno (@OvoOnoX) December 21, 2024
Така Исак го надмина претходниот рекордер оваа сезона, Џејмс Медисон од Тотенхем, кој ја затресе мрежата на Саутемптон пред само шест дена во 36. секунда.
Сега Исак ја понесе „титулата“ за најбрз стрелец во сезоната и му даде домашна задача на остатокот од натпреварувањето.
Високо на листата на најбрзи голгетери сезонава е и српскиот дефанзивец Никола Миленковиќ со голот кој го постигна против Манчестер Јунајтед во втората минута од натпреварот.
Сите тие, сепак, се далеку од постигнувањата на Шејн Лонг, поранешниот напаѓач на Саутемптон и рекордер во Премиер лигата во сезоната 2018/209. постигна гол на 7,59.