(ВИДЕО) Португалскиот претседател падна во бесознание на јавен настап, итно е пренесен во болница

by Fokus

Португалскиот претседател, Марсело Ребело де Соуса, вчера бил примен во болница откако изгубил свест за време на јавен настан, но тој денеска е веќе отпуштен, јави шпанската агенција ЕФЕ.

„Се чувствувам добро“, изјави 74-годишниот шеф на државата, објаснувајќи дека морал двапати да биде подложен на испитувања во болницата.

Ребело де Соуса објасни дека паднал во бесознание поради наглото опаѓање на крвниот притисок.

Претседателот на Португалија изгубил свест за време на посетата на еден од универзитетите во близина на главниот град на земјата – Лисабон, пренесе ЕФЕ.

Ребело де Соуса, кој е претседател на Португалија од 2016 година, превентивно бил пренесен во болница.

 

Поврзани новости