(ВИДЕО) Португалија води на полувреме, но и ние покажавме сила

by Fokus

Селекцијата на Португалија е во предност по првото полувреме против Македонија, благодарение на погодокот на Бруно Фернандеш.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед стрелаше по грешката на Стефан Ристовски, и по доброто проигрување со Кристијано Роналдо, Фернандеш ја смести топката зад грбот на нашиот Димитриевски.

Сепак и покрај водството, Македонија покажа дека знае да се закани, но ни фали завршницата пред противничкиот гол.

Поврзани новости