(ВИДЕО) Поради снежната бура кај Далмација луѓе преспиваа во прифатни центри

by fokus

Луѓе кои беа завеани по автопатиштата низ Далмација ноќта беа згрижени во прифатни центри. Голем број луѓе мораа да преноќат во спортски сали, градинки и други објекти подготвени за прием на патници.

-Од синоќа практично од раните вечерни часови до утринава во халите беа сместени 200 луѓе, доаѓаа еден по еден и во групи. Им обезбедивме топли напитоци и услови што ги имаме, за да може луѓето да бидат во топло место, дека не се на пат. Имаме семејства со деца, навивачки групи, сите сè уште спијат, изјави рано утринава за ХРТ Јосо Живковиќ, раководител на Службата за цивилна заштита Госпиќ.

 

Поврзани новости