596
Девет години затвор за Ѓоко Поповски, поранешниот помошник министер во МВР во случајот Триста. Оваа пресуда денеска во Кривичниот суд ја соопшти судијката Добрила Кацарска.
По изрекувањето на пресудата обвинителката Фатиме Фетаи побара обвинетиот да оди во притвор, како што рече поради висината на досудената казна, но и сумата од 27 милиони денари кои треба да ги плати како отштета.
Поповски по изрекувањето на пресудата директно е спроведен во истражниот затвор во Шуто Оризари.
ВИДЕО: НОВА