Поради големите врнежи не престанува борбата со излеаните реки и потоци и проблемите што ги носат пороите во Србија. Пожарникарите-спасувачи се на терен низ целата земја.
Во 35 градови и општини е прогласена вонредна состојба. Водата го однела мостот во градот Адрани кај Краљево, сообраќајот кон Чачак е во прекин. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија.
Така надојдениот поток Мусача во Адране однесе дел од мостот на Ибарската магистрала, па сообраќајот е во целосен прекин на делницата од Краљево до Прељина.
Ibarska magistrala, Adrani kod Kraljeva. pic.twitter.com/NcKBgPg14K
— Božidar Milinković (@psittarch) June 16, 2023
Со оглед на тоа што се работи за многу фреквентна автопатска делница, вистинска среќа е што никој не е повреден, а под вода беа и неколку околни домаќинства.
Драматични сцени пристигнуваат речиси од сите градови на округот Расин, каде од синоќа се води борба против новите врнежи и поројни дождови.
Потопени се населените места кон Доња Жупа, од Велика и Мала Врбница кон Александровац.
Snimci sa viber grupe stop034#kragujevac #kisa #15jun pic.twitter.com/AoqHRPPZcK
— Marjan Stojanović (@marjan_kg) June 15, 2023
Машини и членови на Штабот за вонредни состојби заедно со мештаните се обидуваат да спасат што може да се спаси. Во оваа општина од 6 јуни е во сила вонредна состојба. Уништени се локалните патишта.