(ВИДЕО) Поплави во јужна Германија, жителите евакуирани со хеликоптери

by Fokus

Невреме погоди големи делови од јужна Германија, предизвикувајќи прекин на сообраќајот, а некои жители мораа да бидат евакуирани со хеликоптер.

Во областа на баварскиот град Аугсбург, жителите мораа да бидат евакуирани поради дефект на насип и брана, соопштија властите.

Поради поплавите, во прекин е железничкиот сообраќај меѓу главниот град на Баварија, Минхен, Брегенц во Австрија и Цирих во Швајцарија.

Во прекин беше и линијата меѓу Улм и Аугсбург, а меѓуградските возови на релација Штутгарт-Минхен беа пренасочени.

Жителите на баварскиот град Фишах, западно од Минхен, биле изнесени со хеликоптер од своите домови откако се излеа реката Шмутер.

 

Поврзани новости