Јошевед Лифшиц (85), која е една од двајцата заложници ослободени од заробеништво на Хамас минатата ноќ, вели дека поминала низ пеколот, опишувајќи како била киднапирана од вооружени лица на Хамас, на мотори.
Лифшиц вели дека била возена во Газа преку портата и дека возењето ја оставило со модринки. Таа исто така вели дека имала проблеми со дишењето.
Таа додава дека израелската влада потрошила милијарди на граничната ограда – но не направила ништо за да го спречи Хамас да премине од другата страна.
– Мајка ми ја одведоа со мотори и ја тепаа со палки – рече нејзината ќерка, опишувајќи ја „огромната мрежа“ од подземни тунели со кои управува Хамас, а која ја споредува со „пајакова мрежа“.
Ќерката додала дека часовникот и накитот на мајка и биле извадени додека ја возеле.
– Кога се симна од моторот, луѓето кои ја пречекаа и рекоа дека `веруваат во Куранот` и затоа нема да ја повредат – рекла ќерката.
Нејзината мајка и уште 24 луѓе биле однесени во тунелите, кои таа ги опиша како „мека, влажна земја“.
“Each person had a guard watching him or her. They took care of all the needs. They talked about all kinds of things, they were very friendly.”
Yocheved Lifshitz details what it was like while being held hostage by Hamas.
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/lSs5io56uH
— Sky News (@SkyNews) October 24, 2023