Сообраќајната полиција кај Чачак спречи трагедија, запирајќи автобус полн со патници пред да се урне мостот на Морава.
Само дваесет минути пред надојдената Западна Морава да го уништи мостот што ги поврзува селата Мрчајевац и Слатина во Чачак, сообраќајната полиција спречи автобус со македонски регистарски таблички полн со патници, кој и покрај тоа што сообраќајот беше во прекин се обиде да го помине мостот. Според српските медиуми сообраќајот на тој мост е забранет со одлука од ноември лани.
Српските медиуми пишуваат дека не се знае што ги навело Македонците на тој пат.
„Можно е да следеле лоши навигациски карти, кои одамна не се ажурирани, или некој ги упатил таму велејќи им дека мостот во Адрани е веќе урнат. Автобусот се појавил на и онака небезбедниот мост меѓу Мрчајевац и Слатина во моментот кога поројот во голема мера му ги уништил столбовите“, писшуваат српските портали.
Мостот на Западна Морава рано утринава беше целосно уништен пред надојувањето на Западна Морава поради обилните врнежи од дожд кои го зафатија Чачак и неговата околина. Во општина Чачак поплавите се смируваат, но и понатаму предизвикуваат големи проблеми. Припадниците на Цивилната заштита во текот на ноќта работеа на испумпување на водата од каналот за наводнување за да не се излее и поплави населбата Кеј.
Ode još jedan most…stari stubovi nisu izdržali.
Slatina -Mrčajevci kod Čačka 😥 pic.twitter.com/ZWWXXaGrqL— Nikola Vujadinović (@vujadino2) June 17, 2023