(Видео) Политичките кампањи да се водат подалеку од инситуциите, однесувањето на Џафери е неприфатливо“ велат од Независниот полициски синдикат

by Fokus

Независниот полициски синдикат со осуда за односот на техничкиот премиер Талат Џафери, при разговорот со вработени во СВР Тетово.

Од Синдикатот порачаа политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а вработените да не се злоупотребуваат за политички цели.

– Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово, изјави денеска претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев и го обвини Џафери за непристојно и некултурно однесување кон вработените.

Од Синдикатот бараат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.

– Да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада, рече Делчев.

Техничкиот премиер вчера беше во ненајавена посета на СВР Тетово, а во изјава за медиумите рече дека констатирал оти во СВР Тетово недостига организација во извршување на задачите на дневна основа.

Поврзани новости