Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус ја нагласи важноста за подготовка за, како што рече, „болест Х“, изразувајќи надеж дека земјите ќе постигнат договор за пандемијата до мај оваа година за да се справат со овој „заеднички непријател “.
🚨🦠😷 Every country in the world must enter into the WHO Pandemic Agreement to defeat #DiseaseX. pic.twitter.com/Ln2D1DYjto
— Terror Alarm (@Terror_Alarm) January 18, 2024
– Договорот за пандемијата може да ги обедини сите искуства со сите предизвици со кои се соочивме, како и сите решенија – рече Гебрејесус на Светскиот економски форум во Давос.
Тој рече дека „болестa Х“, непозната болест, првпат се користела како термин во 2018 година.
Тој изјави дека има непознати работи што можат да се случат и дека се што се случува е „прашање кога, а не дали“.
– Не треба да се соочуваме со работите неподготвени, можеме да се подготвиме и за некои непознати работи – рече Гебрејесус на панел дискусијата наречена „Подготовка за болеста Х“.
Осврнувајќи се на важноста на истражувањето и развојот, како и здравствената инфраструктура и работната сила што треба да се подготви за „болест Х“, Гебрејесус нагласи дека примарното здравје е клучот што светот имаше можност да го види за време на пандемијата на Ковид.
Повторувајќи ја важноста на договорот за пандемијата, тој истакна дека може да му помогне на светот подобро да се подготви за иднината.
– Бидејќи е заеднички непријател и без заеднички одговор, почнувајќи од подготвеност, ќе се соочиме со истиот проблем како што беше со Ковидот – рече Гебрејесус.