507
Како што најави Владата утринава почна отстранувањето на железната ограда околу владината зграда. Од Владата вчера рекоа дека во отстранувањето ќе учествуваат веќе вработени за да не се потрошат дополнителни средства за овој зафат.
Од истите причини нема да се вадат и столбовите, туку само металниот дел.
Отстранувањето на владината ограда беше едно од предизборните ветувања на премиерот, Зоран Заев. Тој најави дека од оградата ќе се направат клупи и настрешници. Од Владата, пак, вчера објаснија дека засега металниот дел ќе биде сместен во депо, се додека не се одлучи како ќе биде искористен.