Крадци упаднале во салон за автомобили и украле шест нови автомобили, и тоа марка Dodge Challengers во верзијата SRT Hellcat. Тоа се случило во Don Franklin Somerset Chrysler Dodge Jeep Ram во Сомерсет, Кентаки, јави тамошната полиција.
„Го скршиле задниот прозорец, влегле во зградата, ги нашле клучевите од сите шест возила и ги извадиле од паркингот“ се вели во извештајот.
Според менаџерот на салонот, алармот се вклучува 60 секунди по откривањето на неовластен влез. Тие направија се и беа надвор од салонот за 45 секунди. Полицијата на местото на кражбата пристигнала за 3 минути, но веќе било доцна.
Во меѓувреме полицијата успеала да лоцира пет автомобили, а потрагата по шестиот се уште трае.
Еден од петте автомобили бил уништен во сообраќајна несреќа, а возачот бил фатен и затворен. Вториот автомобил, пак, бил лоциран само поради тоа што останал без гориво.