476
Потпретседателката на Аргентина преживеа обид за атентат откако вооружен маж и вперил наполнет пиштол во главата од непосредна близина и го повлекол чкрапалото, но оружјето се заглавило.
El video del arma contra @CFKArgentina pic.twitter.com/8j1xpMnPoe
— Lautaro Maislin (@LautaroMaislin) September 2, 2022
Кристина Фернандез де Киршнер (69) вчера вечерта пристигнала пред својата куќа во Реколета, Буенос Аирес, пред толпата поддржувачи, кога потенцијалниот атентатор излегол и ѝ вперил пиштол.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како голем број луѓе ја пречекале потпретседателката која била придружувана од нејзиното обезбедување.