Жерард Пике стави точка на својата фудбалска кариера, синоќа одигрувајќи го последниот натпревар за Барселона, која победи со 2-0 против Алмерија во Ла Лига.
Пике во 84-тата минута со овации го напушти теренот, за потоа да заврши на рацете на своите соиграчи.
Публиката остана на стадионот за да ги слушне последните зборови од легендарниот Пике како играч на Барселона.
Расплаканиот Пике не можеше да ги задржи солзите, кога им се заблагодаруваше на сите во клубот.
-Сакам да им се заблагодарам на сите – соиграчите, стручниот штаб и клубот. Ви благодарам за се. Понекогаш љубовта се искажува со заминување – рече Пике, не можејќи да ги сокрие солзите пред повеќе од 90.000 навивачи на „Камп Ноу“.
На крајот, тој испрати порака:
„Мојот дедо ме зачлена во клубот на денот кога сум се родил. Тука сум роден, тука и ќе умрам. Ќе се вратам…“.
Se nos ha metido algo en el ojo 🥹#Sempr3 💙❤️ pic.twitter.com/HRyqQy7lNo
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) November 5, 2022