(Видео) Пијат од лустери, фрлаат прозорци – нови снимки од дивеењето на хрватските студенти

by fokus

На социјалните мрежи продолжуваат да се шират видеа од дивата забава на студентите на 12 кинезиолошки факултети од Хрватска и регионот. Сите учествуваа во Охрид на, како што велат, традиционалниот собир на студентите „Дифовијада“.

Беше вистински „крш и лом“. Сите дојдовме таму да се опуштиме, а некои малку ја поминаа границата, рече студент кој учествуваше на Дифовијадата во Македонија, пренесe 24.хр.

На новата снимка може да се види како студентите фрлаат рамка низ прозорец, како пијат од лустер наместо од чаша…

Хрватските медиуми контактирале со хотелот во Охрид каде беше пријавено нарушувањето.

– Многу сме изненадени. Имаме големи групи студенти кои доаѓаат да се дружат овде. Никогаш до сега немало проблем, изјави претходно хотелскиот менаџер во Охрид во Македонија.

Претседателот на загрепските студенти зборуваше за се и ја кажа својата страна на приказната.

-Тој кат воопшто не е од Загреб, ни потврди менаџерот дека за таа соба се виновни инсталациите и дека не е намерно запалена. Постојано бев некаде и не можам се да контролирам, но веднаш и пишавме на групата да нема прават проблеми, изјави вчера Мартин Стојчевиќ, претседател на Студентскиот сојуз на КИФ.

Поврзани новости