„Владата на СДС и ДУИ ги има заглавено Национални шуми. Според Извештајот на ДЗР нема воспоставен попис на побарувања по комитенти, нема податоци за основот и старосната структура на истите, ниту дали се преземени дејствија за наплата. Ревизијата која е извршена за 2021 година, а изготвена во 2023 година, покажува дека влада на СДС и ДУИ се однесувале кон Национални шуми како бунар без дно“ рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Тој вели дека „извештајот покажува дека во 2021 година Национални шуми има ненаплатени побарувања од 62 милиони денари, што е над 1 милион евра. За 47 милиони денари, односно 800.000 евра, нема аналитичка евиденција, не се знае ниту основот, ниту староста. Седум години Национални шуми тонеше“.
„Не е чудо што кога ВМРО-ДПМНЕ ја презеде владата, претпријатието немаше ниту за плати. Неспособноста завршува со СДС. ВМРО-ДПМНЕ работи 100% одговорно, за твојата иднина“ порача Петрушевски.