(ВИДЕО) Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот и назначија луѓе блиски до СДС

by Fokus

„Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството. Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој смета дека „Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС“.

„Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС? Ги повикуваме и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи. Овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството“ порача Петрушевски.

Поврзани новости