„Со цел конечно Македонија да биде правна држава, држава во која лицата од правосудството се водат и постапуваат согласно правните норми, законите и Уставот мора да се стави крај на Трпков и Кацарска судството кои во изминатите години постапуваа заедно со партиските полтрони Коцевски и Русковска. Кацарска и Трпков, си играа со судбините на луѓето кои беа вклучени во случајот за 27 април. И за ова нивните газди од СДС и ДУИ ги наградија, па така Кацарска стана уставен судија, а Трпков заборави дека во судството се постапува по закони и Устав и постапуваше по политиката на газдите“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Според него „Газдите им свиреа, а тие играа, односно пишуваа пресуди. Кацарска и Трпков и не знаат поинаку. Секако во играта е и Коцевски, таканаречен обвинител кој исто така не знае за закони и Устав, ама многу добро знае што да прави само кога му се јавуваат газдите од СДС“.
„Пензионираната Русковска пак заедно со Кацарска се синоним за Заев и еден систем кој овозможуваше неказнивост на криминал. Трпков, Кацарска, Коцевски и Рускоска се дел од еден правосуден систем на СДС кој ги бранеше криминалот и корупцијата на своите политички газди. Граѓаните за овие четири имиња од правосудството знаат само дека ги трошеле нивните, народните пари и оти ја бранеле корупцијата и криминалот на СДС и ДУИ. Се гледа крајот на ваквите лица во правосудството“ рече Петрушевски.