„СДС и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне. Со години Артан Груби ја краде државата. СДС знае и молчи. Венко Филипче како врвен функционер на СДС знаел за криминалот кој го прави Артан Груби“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Според него, „кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека СДС се измеќари на ДУИ, токму на ова мислеше. СДС го одмолчеа и дозволија криминалот на Груби, за истиот да не се налути и ДУИ да им излезе од коалиција“.
„Жално е да се гледа, како сега повторно мора од себе да се прават недоветни, па смислуваат разни приказни. СДС и Филипче треба да излезат пред граѓаните и да се извинат за Груби. Да не беше СДС и нивната болна желба за власт по секоја цена, буџетот немаше да биде оштетен за неколку милиони евра од Груби и неговите другари. Затоа СДС и Филипче треба да им се извинат на граѓаните“ рече Петрушевски.